Средба Османи – Дендиас на маргините на Генералното собрание на ОН
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција Бујар Османи и Никос Дендиас в четврток ќе остварат билатерална средба на маргините на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР соопштија дека Дендиас во периодот од 19 до 23 септември ќе оствари низа билатерално и мултилатерални средби на кои покрај прашањата за зајакнување на билатералните односи, „ќе се разговара и за прашања од регионален и глобален интерес, како што се руската инвазија во Украина, енергетската криза, случувањата во Северна Африка, во Југоисточниот Медитеран, Западен Балкан како и промоција на грчката кандидатура за место во Советот за безбедност на ОН во периодот 2025-26 година, кандидатурата за Советот за човекови права во периодот 2028-30 година и за претседателство со Генералното собрание на ОН во 2035 година“.
Меѓу веќе закажани средби на шефот на грчката дипломатија е и онаа со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, планирана за четврток 22 септември.
Министерот Османи во придружба на претседателот на Владата Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во периодот од 19 до 24 септември ќе учествува на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк.
Како што утрово соопштија од МНР, Османи ќе учествува на трансатлантска вечера на министрите за надворешни работи на НАТО, ќе присуствува на состанокот на Јадранската Повелба А5, на состанокот организиран од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Советот за регионална соработка, како и на средбата на земјите на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) и на други важни меѓународни форуми за соработка.
Дополнително, на маргините на ГС „ќе оствари бројни билатерални средби со свои хомолози од земјите членки на ЕУ и од земјите учеснички и партнери на ОБСЕ, во контекст на нашето претседавање со оваа организација, како и со високи претставници од Стејт Департментот на САД, а ќе ја искористи приликата да оствари средба и со претставници на нашата дијаспора“.
Ново на Сител
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
