Средба Османи – Донфрид во Вашингтон
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на посетата на САД, имаше билатерална средба со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.
Во рамки на разговорот беше изразено задоволство што Северна Македонија и САД одржуваат Стратешки дијалог, преку кој се зајакнува стратешкото партнерство и се надградуваат билатералните односи меѓу двете земји. Воедно беше поздравено и сојузништвото меѓу двете земји, особено во рамки на НАТО, како исклучително значајно во контекст на актуелните безбедносни предизвици, соопшти МНР.
– Во актуелните околности, улогата на САД и нивното зајакнатото присуство во Западен Балкан се од суштинско значење за зачувување на регионалната стабилност. Дополнително, новата геополитичка реалност ја истакнува потребата од забрзување на европските и евроатлантските процеси на земјите од Западен Балкан, што воедно претставува и гаранција за регионалната и европската стабилност и безбедност, но и го ограничува влијанието од трети земји, порача Османи.
За време на разговорот, Османи и Донфрид упатија силна осуда на руската воена инвазија во Украина, што претставува напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата и сериозна закана за светскиот мир, безбедност и стабилност.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
