Средба за одржување на каналската мрежа во Ѓорче Петров
Подготовка на оперативен план за заштита и одбрана од поплави и дефинирање на надлежностите за изградба, одржување и чистење на каналската мрежа во општина Ѓорче Петров.
Ова е договорено денеска на работната средба меѓу градоначалникот Сокол Митровски, преставници од АД Водостопанство на Република Македонија, Водостопанство–Скопско поле и претседателите од месните и урбани заедници од општината Ѓорче Петров.
Во месната заедница во Волково, на 28 октомври годинава ќе се одржи состанок со месното население од Волково, Ново село, Кисела Јабука и Орман со цел граѓаните да се запознаат со предлогот на општината и АД Водостопанство на Република Македонија за решавање на сите недостатоци на каналската мрежа и нејзиното функционирање.
Извештајот од општина Ѓорче Петров, како и од сите останати општини од скопскиот регион ќе биде презентиран на третата работна средба, која е закажана на 31 октомври годинава.
Ново на Сител
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел