Средношколци од автомеханичарската струка од Кочани на обука во Атина

Средношколци, ученици во автомеханичарска струка од Средното општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ од Кочани, преку проект финансиран од програмата Еразмус плус ги усовршуваа своите практични вештини и знаења од автомеханичарската дејност.
Во рамки на проектните активности од „Иновативна обука за ученици автомеханичари“ десетина ученици од ова училиште поминаа десетдневна обука во меѓународна автомобилска работилница во Атина, Грција.
- Обуката се реализираше во рамки на проектот финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус плус на ЕУ и фондацијата „Павел Шатев“. За време на престојот во Атина, учениците имаа можност да се стекнат со практични знаења од она што е нивен образовен профил и струка и се надевам ќе им помогне многу во нивната професија да бидат конкурентни на пазарот на трудот. За усвоените вештини и стекнатото искуство сите ученици добија и меѓународни сертификати, изјави Димче Сребренов, директор на СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани.
СОУ „Ѓошо Викнетиев“, како што рече помошник-директорот Владо Симеонов, деновиве доби за реализација уште еден проект од обука на ученици во странство. Имено десет ученика и еден професор од електро струката ќе престојуваат во Португалија.
Обуката на учениците во странство е дел од програмата на ова средно училиште за обучување кадри од повеќе струки и профили кои се застапени во програмата за тригодишно и четиригодишно образование во училиштето. Со кочанските средношколци на обука во Атина престојуваа и по десет ученика од училиштата од Струмица и Крива Паланка.
Во рамките на овој прокет се најавува и размена на наставен кадар со средни училишта од неколку земји од Европа.
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
