Македонија
10. April 2018 - 22:19

Средношколци во посета на музејската изложба „Македонија на патот кон НАТО“

Ученици од неколку средни училишта во државава ја посетуваат музејската изложба „Република Македонија на патот кон НАТО“ поставена во Воениот музеј. 

- Учениците при посетата на изложбата можат да се запознаат со НАТО-како најголема светска одбранбена организација, со клучните настани за Република Македонија во изминативе 25 години на патот кон Алијансата, како и со активностите кои ги има Армијата на Република Македонија во однос на заедничката безбедносна одбрана односно придонесот во мировните мисии, соопшти денеска Министерството за одбрана. 

Изложбата е во рамки на одбележувањето на НАТО неделата, а по повод 25 години од Одлуката на Собранието на Република Македонија за зачленување во Северно-атлантската организација. Организатор е Министерството за одбрана, во соработка со Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје