Средношколец препродавал марихуана, ЈО бара притвор
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 18 години за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, ученик во четврта година во средно училиште, неовластено заради продажба држел 171,72 грама марихуана, која ја набавил од лице со неутврден идентитет. Дрогата ја препакувал и ја подготвувал за препродажба. Во неговиот дом била откриена и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
