Средношколецот Ацо Андонов го фати крстот во Берово

Од студените води на Брегалница во Берово, Светиот крст го извади средношколецот Ацо Андонов кој живее во Групниот дом за деца без родители во Берово. Шеснаесетгодишното момче беше најсреќно од 10-ината беровци кои се фрлаа во водите на Брегалница. Тој посакува здравје, среќа и бериќет.
- Многу сум возбуден за прв пат го фаќам крстот. Се надевам дека ќе ми донесе среќа и ќе ме благослови, рече Андонов.
Стотина Беровци го следеа чинот на осветување на водите од реката. Општина Берово за најсреќниот што го фати крстот обезбеди пригодна награда.
Пред да започне чинот на осветувањето на водите на реката, поради ниските температури кои ноќеска во Берово достигнаа и до -19 степени, водата беше замрзната, па неколкумина се обидуваа да го скршат мразот од реката со цел да се одржи традиционалното фрлање на крстот.
Ново на Сител
-

Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ
-

Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ
-

Три германски партии го напуштија Икс, тврдејќи дека шири пропаганда и дезинформации
-

Македонските кикбоксери блеснаа во Вараждин: 15 медали на ВАКО Европскиот куп и 4 медали на купот за почетници
-

Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
-

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
