Средношколскиот сојуз реагира за наплаќање на свидетелествата во некои училишта
Сојузот на средношколци соопшти дека во изминатите неколку дена се повторува проблемот од минатата година – добива поплаки од средношколци од повеќе градови во земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавање свидетелства.
Сојузот бил информиран за ова од средношколци, а информациите му биле потврдени и од мрежата на активисти во тие градови. Сојузот посочува дека средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150-200 денари за свидетелство, додека економското училиште во Тетово бара износ од 150 денари за издавање на свидетелството и на дипломата за крај на средното образование. Исто така, и скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ им наплаќа на своите ученици 100 денари за свидетелство, наведува Сојузот, а гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп 30 денари од ученик.
– Tоварот за печатењето не смеат да го сносат ниту учениците, ниту професорите во средните училишта. Ова е скандалозно и проблематично. Барањето пари од учениците го загрозува јавниот и бесплатниот карактер на државното образование.Појавиве се спротивни на ставот 2, член 3 од Законот за средно образование, кој гласи: „Средното образование во јавните средни училишта е бесплатно“. Во Законот никаде не се спомнуваат вакви такси. Главниот проблем е во тоа што земањето на свидетелствотото не е опционална одлука. Свидетелството е задолжителен документ и е доказ за успешно завршена учебна година. Учениците се лишени од избор – тие мора да платат доколку сакаат да ја завршат учебната година, соопшти Сојузот на средношколци кој најави дека за ова ќе го информира со извештај Државниот просветен инспекторат.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години