Среќен именден Андреј, Андреја, Андријана- жените денеска да не ги прават овие работи
Православните верници денеска го одбележуваат празникот на првиот Господов апостол Свети апостол Андреј Првоповикан.
Во народниот говор името Андреј асоцира на нешто јадро (крупно), па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува. Свети Андреј, брат на апостолот Петар, бил ученик на св. Јован Крстител. Тој е првиот што го повикал Исус, оттука е наречен Првоповикан.
Именден празнуваат: Андреј, Андреја, Андријана…
Според народните верувања Свети Андреј се смета за заштитник на големите животни. Со нив разговара и тие му се покорни. Во минатото Ромите мечкари го славеле Андреев ден верувајќи дека овој светец ги скротува мечките како кучиња и дека патува по светот качен на мечка.
Во пресрет на празникот се варела пченка за мечките или посебен колач-мечкина побојница со која се врзувала вилицата на мечката, за да не ја заколе стоката. Затоа некаде Свети Андреј се нарекувал и Мечкин ден.
За овој ден врзани се многубројни забрани: Во некои делови не се штави кожа, ниту се прави било што со неа, а некаде пак, не се прави ништо со облеката- за да не се искине.
Поради тоа, ни денеска во „модерно време“ не треба да се пегла, пере, ниту да се прави било што друго поврзано со облека.
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
