Срѓан Керим се обрати во Меѓународниот институт за мир во Њујорк
Кандидатот на Република Македонија за функцијата генерален секретар на ООН д-р Срѓан Керим денеска имаше обраќање во Меѓународниот институт за мир (ИПИ) во Њујорк.
Керим ја образложи својата визија за иднината на глобалната политика и на Обединетите нации. Зборуваше за мултилатерализмот кој, како што рече, треба да биде дел од секојдневното живеење, а не апстрактен поим само за дипломатите и владите зад затворени врати.
- Искуство, стручност и политичко искуство во менаџирање кризи, се трите основни предуслови што треба да ги поседува секој иден генерален секретар на ООН за да може да се справи со предизвиците. Моето сфаќање за оваа позиција е, прво консултирај се, па одлучи, истакна Керим во обраќањето.
Во декември 2015 година Владата на Република Македонија го номинираше Срѓан Керим за кандидат за функцијата генерален секретар на ООН, Керим моментно е советник за надворешни работи на македонскиот премиер и член на Советот на претседатели на Генералното собрание на ОН. Тој има повеќе од 30 години искуство во меѓународната политика, бил министер за надворешни работи, амбасадор на Република Македонија и претседател на 62. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Ново на Сител
-
Донатела Версаче замина в пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона
-
Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина
-
Неизвесно продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија
-
Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија
-
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
-
Сити го продава Грилиш
-
Стеф Кари со 4.000 реализирани тројки во својата НБА кариера