-->
-->
Срна ја засилува Барселона
-->

Барселона во зимскиот преоден рок ќе потпише со хрватскиот десен бек Дарио Срна, објавија АС и Мундо Депортиво.
Барселона долго време е во потрага по десен бек, медиумите шпекулираа со имињата на Бранислав Ивановиќ, Стефан Лихштајнер, Матија Де Шиљо и Антонио Рукавина, но изборот падна врз некогашниот капитен на хрватската репрезентација.
Срна е легенда на украински Шахтјор, а неговиот договор со овој клуб истекува по завршувањето на сезоната. Шахтјор е подготвен својот капитен да го пушти без обештетување да замине во Каталонија.
Инаку позицијата десен бек е најпроблематичната во Барселона, а осебоно тоа се чувствува по заминувањето на Дани Алвеш. Принудно на таа позиција игра серхи Роберто, бидејќи Алекс Видал по доаѓањето од Севилја не ги оправда очекувањата.
Дарио Срна е играч сличен на Дани Алвеш, но поради годините, веќе има 34, не може да биде долгорочно решение, поради што Барселона во летниот преоден рок ќе тргне по фудбалерот на Валенсија Жоао Кансело.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Уапсен поранешниот државен правобранител Фахми Стафа
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
