Српска фирма ќе ги обновува конаците на Трескавец

Фирмата „Кото инженеринг“ од Белград ќе ги обновува опожарените конаци на Трескавец, информираат од Завод и музеј Прилеп кој го распиша тендерот за изведувач за обновата на конаците, а го спроведе Бирото за јавни набавки.
- На тендерот се пријавија седум фирми, од кои шест домашни и една странска, од Србија. На електронската аукција што ја спроведе Бирото за јавни набавки најповолна и најсоодветна беше понудата на фирмата „Кото инженеринг од Белград, Србија. Нејзината понуда е 101 милион денари. Тендерот заврши како и рокот за жалби. Инаку, ниту една жалба не стигна па се потврди изборот за изведувач за фирмата „Кото-инженеринг, објаснува Гордана Данилоска Спироска, директор на прилепскиот Завод и музеј.
Според Данилоска, српската фирмата има големо искуство во реновирање и конзерваторски работи на споменици на културата.
- „Кото инженеринг“ со години има искуство во реставраторско-конзерваторски работи, обнова на манастири, соработувала и со УНЕСКО и ЕУ. Фирмата работела на обнова, меѓу другото на манастирите Дечани, Грачаница, вели Данилоска Спироска.
Интензивните работи на обновата на опожарените конаци треба да почнат од март наредната година. Во овој период, доколку дозволат временските услови може да се подготви теренот.
Манастирските конаци ќе се обновуваат според изготвениот проект и треба да ја задржат автентичноста на конаците.
- Проектот е работен да се врати автентичноста, не она што луѓето го паметат пред пожарот, туку според автентична слика на конаците од најстарите фотографии. Најстарата фотографија, чинам е од 1846, фотографија на која се сликани прилепските еснафи, вели Гордана Данилоска Спироска.
Според програмата на Министерството за култура, кое со владата ја финансира обновата на овој седумвековен манастир, конаците на Трескавец треба да се обноват до 2018 година.
Конаците на Трескавец изгореа во пожарот на 4 февруари 2013. Сега се работи на проектите за реконструкција и конзервација на црквата „Успение на пресвета Богородица“, на трпезаријата и на магерничкиот конак и камбанаријата.
Ново на Сител
-

Високи температури деновиве, надлежните советуваат да се почитуваат мерките за заштита од горештини
-

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час
-

До 07:30 часот утрово регистрирани 29 пожари на отворено, два се активни
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела надмина шест илјади
-

Пожарите во Вашингтон уништија најмалку 700 објекти, евакуирани се 64.000 луѓе
-

Коалиција на 25 американски сојузни држави со тужба против новите царини на Трамп
-

Продолжува топлотниот бран: Температурите ќе достигнат 40 степени
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
