Српските специјалци го убија водачот на вехабиите во Санџак
Припадници на српската Специјална антитерористичка единица го убија членот на вехабистичкото движење на Санџак, Сенад Рамовиќ-Бецан. Според српските медиуми, тој бил ликвидиран при обид за апсење на територијата на Нови Пазар. Рамовиќ наводно одбил да се предаде и пукал кон српските специјалци.
Рамовиќ беше во бегство од јуни годинава, кога припадник на ова движење со самострел рани полицаец пред амбасадата на Израел во Белград. По овој инцидент, полицијата изврши претрес и во станот на Рамовиќ, каде што биле пронајдени оружје и знаме на Исламска држава. Се веруваше дека тој по овој напад избегал во Косово, каде што имал соработници.
Сенад Рамовиќ беше осуден на 13 и пол години затвор за тероризам, при што голем дел од казната поминал во изолација, објави „Н1“. Тој беше уапсен со 14-мина соработници по вооружена престрелка со полицијата близу Нови Пазар во 2007. Беше обвинет и дека планирал да го убие тогашниот муфтија Муамер Зукорлиќ. По излегувањето од затвор, Рамовиќ важел за водач на вехабиите во Санџак.
Ново на Сител
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе
-
Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи
-
Формиран Совет за управување со јавни финансии