Балкан
14. February 2022 - 8:57

Српското МНР им препорача на своите граѓани да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на Украина

Срспкото Министерство за надворешни работи им препорача на граѓаните на Република Србија кои моментално престојуваат во Украина да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на територијата на таа земја, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува во соопштението, МНР им препорачува на граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во Украина да размислат за одложување на патувањето.

-Ги замолуваме нашите граѓани кои се уште се во Украина да бидат во постојан контакт со Амбасадата на Република Србија во Киев, се заклучува во соопштението на нивната веб-страница.