-->
-->
Срушени два пливачки рекорди на државното првенство во пливање
-->

Пливачите на клуб Бета, срушија два рекорди на овогодинешното Летно државно првенство кое се одржа изминатиот викенд на базенот во населба Аеродром.
Матеј Цветановски во кaтегоријата постари пионери во дисциплината 50 метри слободно постави нов рекорд со време 26,99 со што го собори стариот рекорд 27,00 поставен од пливачот Горан Стаменов ПК Вардар поставен 2001 година.
Ана Јаневска во категоријата кадети во дисциплината 50 метри делфин постави нов рекорд со време 30,43 со што го собори стариот рекорд со време 30,82 поставен токму од неа.
Пливачкиот клуб Бета на овогодинешното Летно државно првенство освои вкупно 205 медали од кои 68 златни, 76 сребрени и 61 бронзен недал. Како најдобри пливачи во своите категории беа прогласени Матеј Цветановски и Андреј Тодоровски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
