ССМ и Владата на средба на 24 јануари
Средбата меѓу Сојузот на синдикати на Македонија и Владата ќе се одржи на 24 јануари и на неа ќе се разговара за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата и за примената на законските измени со кои недела е прогласен за неработен ден.
Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18 илјади денари и скалесто зголемување на сите останати плати, а нивно барање е и утврдување на правото на регрес во јавниот сектор.
На средбата, како што информираат од синдикатот, ќе се разговара и за примената на законот со кој недела е прогласен за неработен ден затоа што од страна на одредени работодавачи се крши законот за што од страна на ССМ се доставени претставки до Трудовниот и Пазарниот инспекторат.
– ССМ јавно укажува дека отстапки нема да има и доколку прашањата не бидат решени преку социјален дијалог веднаш, ССМ ќе го повика работникот и членството на генерален сеработнички штрајк, стои во соопштението од ССМ.
Ново на Сител
-
Дали чоколадното млеко е здраво за децата?
-
Го убиле и закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица осомничени за убиство во кривопаланечко
-
Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од точката за разгледување предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Реал прв финалист во шпанскиот куп
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
-
УХМР: Зголемен водостостојот на реките
-
Палчо отстранет од судница, Кешишев се плаши да зборува пред него
-
Во Тетово приведен бегалец од затвор