ССМ повторно на протест пред Собранието

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет за да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор.
Ќе бидат поставени 14 столчиња, а протестот ќе почне во 11 часот и во тој временски период сообраќајот ќе биде во прекин.
– Ќе бидеме на улица за да им дадеме поддршка на пратениците членови на Комисијата за да го изгласаат амандманот на ССМ со кој ќе се предвидат 2.806 денари за секој еден работник во јавниот сектор. Доколку не дадат поддршка за амандманот на ССМ, ќе ги повикаме сите по име и презиме, за секој еден работник да знае кој е пријател, а кој непријател на работникот и јавно ќе побараме оставки од сите нив зошто не се достојни да го претставуваат работникот и граѓаните во Парламентот, велат од ССМ.
Генералниот штрајк во јавниот сектор почна на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ за сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, потпишување на Општиот колективниот договор и исплата на К-15. На првиот ден од штрајкот беа поставени 120 столчиња пред Собранието, а на вториот ден 21 столче пред Владата. Во изминатите денови столчиња беа поставени и пред министерствата за финансии и за труд и социјална политика. Синдикалните претставници во понеделникот три часа го блокираа и влезот на Скопје кај Автокоманда.
Штрајкот уследи откако не беше постигнат договор меѓу синдикатот и Владата. Синдикатот останува на ставот за линеарно зголемување на платите, додека од Владата велат дека треба да се најде системско решение за раст на платите, а не да се прифаќаат ад хок решенија.
Ново на Сител
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
