-->
-->
Станарите: Тесла умрел во Италија, Исланд е главен град на Исланд..
-->
Големиот Брат на станарите им подготви квиз со прашања од општа култура. Одговараа во тимови, исток и запад. Некои од одговорите се, шокантно неточни.- Ајде само кажи некоја земја било која, предлагаше Барбара на Дарко.
"Каде умрел Никола Тесла?", е прашањето кое најмногу ги збуни Барбара, Ервин и Дарко. Дарко мислеше дека е запален на клада, даде точен одговор, но Барбара и Ервин се сложија дека "Америка" е погрешен одговор па ја избраа Италија. Подоцна и прашањето "Кога започнала Втората светска војна" ги доведе до забуна дополнително. Дарко одговори дека започнала 1941 година.
Тимот на западот пак, Зорица, Горан и Тина се двоумеа околу одговорот на прашањето "Кој е главен град на Исланд?". Претходно на тоа прашање точно одговори Ервин. Зорица го предложи Исланд како одговор. Големиот Брат им постави и прашање "По кој дел од телото е позната жената на Кание Вест", на што Зорица одговори гради, додека Тина и Горан немаа претстава за кого станува збор.
Луча, лидерот на западот гласно ја славеше победата на неговиот тим, додека Зорица тешко го поднесе поразот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
