Стапката на невработеност во Кина под 4 проценти

Стапката на невработеност во Кина се задржа под 4 проценти, соопшти кинеското Министерство за труд, кое информираше дека 10,97 милиони работни места биле отворени од јануари до септември годинава и дека невработеноста е на 3,95 проценти.
Министерот за труд Јин Веимин изјави дека, иако бројките се во согласност со проекциите, на Кина и се потребни по 15 милиони нови работни места, имајќи предвид дека секоја година по 8 милиони лица влегуваат на пазарот на трудот само од факултетите.
- Ниската стапка на невработеност која ја постигнавме е главно резултат на новата интернет економија и претприемништвото, и е остварена и покрај општото забавување на економијата, изјави Јин.
Бројките беа објавени за време на петгодишниот конгрес на владејачката Комунистичка Партија. Премиерот Ли Кечианг изјави дека Кина отворила над 13 милиони нови работни места во градовите во 2016 година и дека нејзината цел е да ја задржи стапката на невработеност под 4,5 проценти.
Сепак, глобалните аналитички центри честопати изразуваат сомнеж во статистичките податоци објавени од кинеската Влада, сметајќи дека властите ја бројат само невработеноста во граовите и дека ја игнорираат големата бројка мигрантски работници кои селат од регион во регион, во зависност од владините инфраструктурни политики
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
