Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот

Британскиот премиер Кир Стармер, во пресрет на денешниот виртуелен состанок на светските лидери посветен на Украина предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „не е сериозен во врска со мирот“.
На состанокот се очекува да учествуваат 25 лидери, а Стармер порача дека не смее да му се дозволи на Путин да „игра игри“ со предлогот за прекин на огнот што го даде американскиот претседател Доналд Трамп.
Британскиот премиер ги повика сојузниците да ѝ понудат безбедносни гаранции на Украина. Виртуелниот самит е дел од иницијативата „коалиција на подготвените“, која Стармер ја најави при неодамнешната посета на европските лидери во Лондон.
САД предложија 30-дневен прекин на огнот, што го поддржува украинскиот претседател Володимир Зеленски, но Москва сè уште не го прифати. Трамп, сепак, останува оптимист, оценувајќи дека неговите неодамнешни разговори со Путин биле „добри и продуктивни“.
Ново на Сител
-

Андоновски: Физибилити-студијата за националниот дата-центар е готова, се бараат финансиски партнери
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со сослушување вешто лице на одбраната
-

Хакерски напади врз системите за ладење и во италијанските супермаркети и прехранбените компании
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Брисел на Самит за проширување на ЕУ во организација на Euronews
-

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди
-

Санчез: Со Шпанија не се управува од Вашингтон, Тел Авив или Москва
-

Апел за помош: Да му помогнеме на Стефан, татко на едногодишно дете и полицаец кој се бори со тешка повреда
-

Тројца администратори од НБ го преземаат управувањето со „Алта банка“, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата
