Кошарка
1. March 2017 - 8:49

Стартни победи на домаќините во четвртфиналналето на кошаркарскиот Еврокуп

Во второто по квалитет европско кошаркарско натпреварување Еврокупот, синоќа се одиграа првите натпревраи од четвртфиналето.
 
Во серијата подобар до две победи, предност од 1-0 остварија сите четири тима кои играа на домашен терен.
 
Во Ерусалим, тимот на Хапоел славеше убедлива победа над Гранд Канарија со дваесет поени разлика 87-67. На шпанската екипа не и помогна ниту поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб кој со 12 постигнати поени беше најефикасен во својата екипа. Ричрд Хендрикс средбата ја заврши со 2 поени и 5 сколови.
 
Руското дерби му припадна на Локомотив Кубан кој го совлада Зенит Ст. Петербург со 75-52.
 
Во Минхен, тимот на Баерн славеше победа над Уникаха со 91-82, додека најнеизвесен беше мечот меѓу Валенсија и Химки Москва кој шпанската екипа го доби со 88-82.
 
Реванш дуелите ќе се играат веќе во петок на 3 март, а евентуалните мајсторки на програмата би биле на 8 март.