Стартуваше учебната година во штипските училишта
Во сите основни и средни училишта во Штип денеска почна новата учебна година.
Според најновите податоци од Одделението за образование во Општина Штип, во прво одделение се запишани 409 првачиња. Надлежните забележуваат дека во моментов имаат благ пад на бројот на првачињата споредено со минатите години, односно запишани се помалку од 40 до 50 првачиња, но ќе се чека крајот на септември кога ќе се утврди и точниот број на првоодделенци во училиштата, бидејќи има родители, кои своите деца го водат со себе и на плантажите, каде што работат како сезонски работници.
Во Општинското основно училиште „Тошо Арсов“-Штип денеска имаше свечен прием на учениците.
- Вкупно запишани ученици во прво одделение се 74, од кои осум се во подрачното училиште во населба Македонка. Првачињата се распределени во три паралелки и им посакувам среќен почеток, вели Фросина Маџарова директор на ООУ „Тошо Арсов“-Штип.
Во петте штипски основни училишта од денеска со настава почнаа околу 4.000 ученици, а во средните училишта бројката се движи до 2.400 средношколци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето