Стејт департмент: Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството

САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал и искоренување на корупцијата, велат од прес-службата на Стејт департментот, во одговор на прашањето дали САД се една од петте држави што обезбедиле меѓународна правна помош за прибавување докази во истрагата за „Скопје 2014“, на Гласот на Америка на македонски јазик.
Основното јавно обвинителство во петокот соопшти дека спроведува истражна постапка против 15 физички и 7 правни лица за злоупотреба на службена положба и перење пари за 11 споменици, при што наводно биле испрани над 16 милиони евра буџетски пари.
-Борбата против корупцијата во Западен Балкан е главен приоритет на администрацијата на Бајден. САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал, искоренувањето на корупцијата, зголемувањето на транспарентноста, спроведувањето на одговорноста и дополнително зајакнување на владеењето на правото и демократските институции, изјави портпарол на Стејт департментот.
Во изјавата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски, стои дека „ лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата“.
Меѓу осомничените во истрагата, со кодно име „Феникс“, се и поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Унгарија, и ексминистрите за финансии и за култура Зоран Ставрески и Елизабета Канческа-Милевска. Ексградоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ доби мерка куќен притвор, а изречени се и други мерки притвор и полесни мерки за обезбедување на осомничените.
Според официјалните информации на Обвинителството, кои беа презентирани на прес-конференција, кривичното дело било извршено во перидот од 2007 до 2013 година.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
-

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово
-

Поради тројца делегирани судии, презакажни и одложени рочишта во Основниот граѓански суд Скопје
