Стејт департмент: САД и Русија се блиску до постигнување спогодба за Сирија

САД и Русија се блиску до постигнување спогодба за Сирија, но останува да се решат уште неколку прашања, изјави претставник на Стејт департментот во кинескиот град Ханџоу, каде денеска се отвора самитот на Г-20, пренесоа британските медиуми.
Договорот може да биде објавен подоцна, во текот на денот, додаде американскиот претставник.
Претходно, претседателот Барак Обама, по средбата со британската премиерка Тереза Меј, изјави дека без отстапки од руска страна ќе биде тешко да се пристапи кон нова етапа во решавањето на конфликтот во Сирија.
-Имаме сериозни разлики за страните кои ги поддржуваме во Сирија, посочи Обама.
Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавровј соопшти дека Русија се договорила со САД за повеќето прашања битни за решавање на сирискиот проблем. Тој додаде дека министерствата за надворешни работи и за одбрана, како и специјалните служби, од двете земји и натаму секојдневно контактираат за изработка на заеднички алгоритам за борбата со тероризмот, пренесе ТАСС.
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
