Стејт департмент: Суверени одлуки на Црна Гора, Македонија и Бугарија
Во врска со одлуката на Црна Гора, Бугарија и Македонија да не го дозволат прелетот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за Белград, Стејт департментот денеска соопшти дека тие како суверени држави „донесоа суверени одлуки за воздушниот простор, што ја одразува решеноста на Европа да ја повика Русија на одговорност поради инвазијата на Украина“.
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на прес-конференција кажа дека САД ја повикуваат и Србија да се фокусира на својата цел за членство во ЕУ, вклучително и усогласување на нејзината надворешна и безбедносна политика со остатокот од Европа, јави Гласот на Америка.
-Постојано ја повикуваме Србија да преземе чекори за да напредува на европскиот пат, вклучително и диверзификација на изворите на енергија, намалување на енергетската зависност од Руската Федерација и усогласување на надворешната и безбедносната политика со ЕУ. Ние сè уште сакаме да бидеме партнер на Србија и да и помогнеме во нејзините напори за зајакнување на енергетската безбедност на долг рок, рече Прајс.
На прашањето како САД и НАТО ќе ги заштитат Црна Гора, Македонија и Бугарија, кои го затворија воздушниот простор за авионот со кој Лавров требаше да патува во Србија од руските закани, Прајс кажа дека „сите три се членки на НАТО, а посветеноста на членот 5 во однос на сите три е обврзувачки “.
Ново на Сител
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
-

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе
-

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“
-

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
-

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо
-

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза
