Стејт департментот го заобиколи Конгресот и одобри итна продажба на оружје на Израел
Американскиот Стејт департмент по втор пат овој месец,го заобиколи Конгресот за да одобри итна продажба на оружје на Израел.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го извести Конгресот дека донел втора итна одлука, која ја покрива продажбата на опрема од 147,5 милиони долари на Израел, вклучително и осигурувачи и муниција потребни за опремување на гранати од 155 мм што Израел веќе ги има, соопшти Стејт департментот.
„Со оглед на итноста на израелските одбранбени потреби, секретарот го извести Конгресот дека го искористил своето делегирано овластување за да утврди постоење на вонредна состојба, што бара итно одобрување на трансферот“, се вели во соопштението.
Стејт департментот додава дека САД се посветени на безбедноста на Израел и наведува дека од витално значење за националните интереси на САД е да обезбедат Израел да биде во состојба да се брани од заканите со кои се соочува.
Во него се додава дека САД постојано ѝ нагласиле на израелската Влада дека Израел мора да го почитува меѓународното хуманитарно право и да ги преземе сите мерки за да спречи цивилни жртви за време на операциите во Појасот Газа.
Ново на Сител
-
Светските лидери пристигнуваат на идниот самит во рамките на Генералното собрание на ОН
-
Николовски: Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД
-
Пронајдена дрога при претрес во дом на 40 годишен жител на Штип
-
Почнува есента
-
Неверојатни сцени на Вембли - Дубоа го нокаутираше Џошуа | ВИДЕО
-
Трамп смета дека е предоцна за уште едно телевизиско соочување со Харис
-
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени
-
Про-ирански групи во Ирак презедоа одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел