Стерјовски на Конференција посветена на 30-годишнината од падот на железната завеса

Пратеникот во албанскиот парламент од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, учествуваше на конференцијата посветена на 30-годишнината од падот на железната завеса, што се одржа во Париз, Франција.
-Со колегите од европските парламенти разменивме мислења по многу прашања. Посебно ги запознав со положбата и правата на Македонците во Албанија. Секако, разговаравме и за прашања поврзани со европските интеграции на Албанија, изјави Стерјовски за МИА.
Организатор на Конференцијата, која се одржа во францускиот Парламент, е францускиот пратеник Фредерик Петит и фондацијата „Конрад Аденауер”.
-На мое барање до организаторот, на почетокот на Конференцијата, со едноминутно молчење им се оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес што Албанија ја погоди на 26 ноември, додаде Стерјовски.

На конференцијата учествуваа пратеници од 17 европски земји.
Стерјовски, во албанскиот законодавен дом влезе во мај како прв пратеник од македонската партија, МАЕИ и прв пратеник кој јавно се декларира како Македонец. Од крајот на октомври е дел од пратеничката група „Демократи“, но и понатаму како пратеник од МАЕИ.
Во низата негови обраќања во законодавниот дом ја запозна јавноста со проблемите со кои се соочуваат Македонците во областите Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, но и во други делови на Албанија, и побара од Владата и Парламентот поголемо внимание и ангжираност.
Но, и на секоја средба со странски претставници, како пратеник или член на паламентарната комисија за надворешна политика, тој го акцентира прашањето за положбата и правата на Македонците во Албанија.
Ново на Сител
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
