Стерлинг: Една третина од играчите во Премиерлигата се црни, но ние не сме застапени во стручните штабови
Напаѓачот Манчестер сити, Рахим Стерлинг го сподели мислењето дека има малку тренери во Англија со темна боја на кожата.
– Во Премиерлигата има околу 500 играчи, една третина од нив се со темна кожа, но ние не сме застапени на тренерските штабови. Нема многу луѓе со кои можете да зборувате за ова. Благодарение на промените, можете да разговарате со луѓе во парламентот, со луѓе во раководството на мојот фудбалски клуб, со фудбалските клубови низ целата земја, со луѓе од репрезентацијата на Англија, да направите измени и да дадете еднакви шанси не само на црните тренери, туку и со тренерите на другите етнички групи, изјави Стерлинг.
Оваа реакција на фудбалерот доаѓа во време на протести против расизмот во многу земји, по убиството на Џорџ Флојд во САД од страна на полициски службеник.
Ново на Сител
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
-

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи
-

Жителите на Тркање обвинуваат за недостаток на вода, Општина Кочани вината ја лоцира кај нив
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
