-->
-->
Стевчо Јакимовски вечерва доживеа сообраќајна несреќа
-->
Вечерва, околу 19.40 часот, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски имал сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Бугарија на влез во Крива Паланка, објави ВЕЧЕР.
Возејќи го своето возило „ренџ ровер" (производство 1996 година), не почитувајќи го правото на првенство, му го пресекло патот комбе марка „форд транзит" управувано од возач од Крива Паланка кој бил во алкохолизирана состојба. Возачот на фордот избегал од местото на несреќата но, по дојавата на очевидци, полицијата од Крива Паланка на еден километар од настанот го фатиле и го привеле.
Инаку, на учесниците во незгодата од страна на полиција која вршела увид на местото на сообраќајката направен им бил алко тест на кој, кај предизвикувачот се констатирани високи промили на алкохол, додека кај Јакимовски наодот бил негативен, односно измерени биле „0" промили.ж
Инаку возачот на „форд транзитот" бил познат во Крива Паланка по возење во алкохолизирана состоба и во повеќе наврати му бил одземана возачката дозвола, бил казнуван од страна на полицијата, како и кривично гонет.
По завршениот увид градоначалникот Јакимовски го продолжил патот кон Скопје, а на неговото возило има незначителни оштетувања во предниот дел. Градоначалникот и неговиот сопатник минале без никакви телесни повреди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024