Стипендии од Општина Центар за седум ученици од социјално загрозени семејства
Општина Центар оваа учебна година додели седум стипендии од по 3.000 денари месечно, на ученици од секое од седумте основни училишта на нејзина територија, кои се од социјално загрозени семејства.
Општината наведува дека оваа година првпат доделува и ваков тип стипендии, ценејќи ја и наградувајќи ја посветената работа на учениците, нивниот талент и помаѓајќи им финансиски бидејќи живеат во социјално загрозени семејства.
- Од 4.000 ученици во седумте општински основни училишта, според определените критериуми, беа избрани седум ученици кои досега покажале солиден успех во учењето, кои се истакнуваат по одредени предмети и доаѓаат од социјално загрозени семејства. Учениците беа избрани од посебна комисија која ги ценеше резултатите и состојбата во која што живеат децата, односно дали живеат со самохран родител, во семејство со родители со попречености, дали живеат во старателско семејство, дали се станбено необезбедени или дали станува збор за раселени лица, информира Општина Центар.
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата