Македонија
4. August 2021 - 12:50

Стоилковски: Ангелов има еден милион денари за мобилни телефони, а нема за поправка на канадерите

Состојбата и оставањето на Кочани на милост и немилост пред пламените јазици покажа дека државата, системот, заштитата, кризниот менаџмент не само што потфрли, туку се покажа дека не постои.

Да потсетам на тоа во што убедуваа: Немало пари за канадерите, немало корпи за хеликоптерите, немало пари за нови ПП возила, немаше пари ниту за пожарникарите, ниту за нови противпожарни единици.
 
Состојбата покажа дека нема ниту протокол, дека нема ништо. Состојбата во Кочани покажа дека сиот систем за заштита е пеплосан од режимот на Зоран Заев.

Почитувани, излезе документ со потпис на Стојанче Ангелов, директно одговорен за колапсот пред огнената стихија, според кој тој Стојанче Ангелов за ЦУК прави измена на годишниот план за јавни набавки за 2021 година на ЦУК, измена и дополна на трошоците за над еден милион денари за мобилна телефонија. Датумот на овој документ е 24 февруари оваа година вели услуги од мобилна телефонија февруари, 1.016.949 денари со потпис на Стојанче Ангелов.

И тоа не е се, според некои документи само годинава вакви измени се правени во износ од над 13 милиони денари. Над 210.000 евра, изнесуваат менувањето на трошковникот на ЦУК, измени со потпис на Стојанче Ангелов. Тоа е половина од потребното за сервисирање на канадерите. Уште повеќе, канадерите, најпотребни за гаснење на летните шумски пожари, неколку години не се сервисирани.

Со владина одлука на режимот на Зоран Заев, има пари, 1.756.000 евра за владини возила. И тоа за изнајмување! Тоа се пари за повеќе од 4 пати сервисирање на канадерите.
 
Улогата на државата и на системот е да биде подготвена да ги заштити своите граѓани пред сите околности, во современо време пред елементарни непогоди и нови болести.
 
Кочани покажа дека актуелниот режим е подготвен да жртвува се и секого само за да има за задоволување на лични удобности и лукративности.

Очигледно за режимот на Заев и неговите пажови како Стојанче Ангелов, не им е важно да се гаснат пожари, не им е важно да има систем за заштита, важни се новите пасати и мобилните телефони за нив, за функционерите и нивните потрчковци.

Никој повеќе не бара одговори од Заев и СДСМ, од Заев и СДСМ се бара одговорност!

Нема полошо од СДСМ за Македонија, оставки и одговорност веднаш!
 
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ