Стоилковски: Ковачевски и Маричиќ го газат начелото за меѓусебно почитување и реципроцитет
Согласно владиниот став искажан од Бојан Маричиќ очекуваме денеска во владата да биде искажан совет до бугарскиот премиер дека не е работа на Бугарија да, цитирам „да кажува каде какво малцинство има во регионот“, и дека „тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот“.
Маричиќ и Ковачевски од една страна се оградуваат од Македонците во Бугарија, велат дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија, а истовремено виткаат кичма пред диктатот на Софија за промена на македонскиот Устав, отворање на преамбулата.
Второ и многу важно, е Маричиќ и Ковачевски да кажат дали прифатиле Анекс договор којшто ќе ги преформулира членовите на Договорот за добрососедство, согласно коишто би се променила улогата, формата и целите на комисијата за историски прашања. Маричиќ јасно посочува „нова форма“ и го поставува прашањето дали таа комисија воопшто ќе егзистира, и во која форма“.
Ова почитувани може да значи само едно, а тоа е промена, односно Анекс на договорот, за којшто Владата крие и молчи.
Пиуните на Заевизмот од прв ден ги нарушија позициите на Македонија. Маричиќ и Ковачевски продолжуваат со националните понижувања, што беа одлика на Зоран Заев.
Пиуните на Заев, и Ковачевски и Маричиќ, го газат начелото за меѓусебно почитување и реципроцитет, како основа за добри меѓусоседски односи. Срамно и недостоинствено е однесувањето на потпретседател на Влада кое што преставува и континуитет на срамните политики на заевизмот.
Ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, и затоа што поскоро мора да биде поразен на избори.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа