Стоилковски: На примитивецот од Форино не му е местото во Собранието
Погледнете го вистинското лице на власта и примитивизмот во практикувањето власта, недостојно за Собрание на Република Македонија!
Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом. На примитивизмот од Форино не му е местото во Собранието! За ваков примитивизам, насилство, вулгарности, нема место во било кое Собрание најмалку во македонското.
Почитувани, оваа потврдена снимка од Талат Џафери во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието?
Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквиот примитивен однесување од деспотот од Форино?
Објаснувањето од примитивецот од Форино дека „не знаел“ за вклучени микрофони, е само доказ за вистинското лице на власта и начинот на владеење - со насилство и понижување
Јасно е, кога крими-коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен и на површина испливува суштината, на површина испливува простотилакот кој што е слика за севкупното практикување на власта на крими- коалицијата!
Сето ова е само причина за негова неотповиклива оставка!
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци