Стоилковски: Недостоинствено е однесувањето на Ковачевски

Почитувани,
Цел ден мина, а Димитар Ковачевски никаде го нема да одговори дали денес се срами што пред две години на Влада гласал за промена на име на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“?
Ковачевски во налет на сокривање на вистината, не само што не одговара денеска, туку и го осуди преименувањето на „Втора македонска бригада“, за што и сам гласал пред само две години!
Легитимни се прашањата дали Ковачевски е до толку неспособен што има куса меморија за своите дела, или е упорен во неуспешни лажења?
Имајќи го ова предвид, логични се и прашањата: ако Ковачевски лаже за промена на име на улица, гласал за тоа, а денес глуми револтиран, тогаш што се може да се очекува да исплива од неговите преговори, договори и прифаќања од бугарските диктати во европската рамка, во насока на можни блокади на европската иднина, и неговите денешни убедувања за уставните измени како финален чин?
Ако Ковачевски лаже и се крие за промена на име на улица, што можеби сокрива од ветувањата кон Софија?
Срамно, жално и недостоинствено е однесувањето на Димитар Ковачевски, но и на СДС, нивната понизност и измеќарство ја втурнаа Македонија во криминал, корупција, и ги ставија македонската посебност, историја и вековен јазик пред големодржавните апетити на соседите.
Само избори и одговорност се спасот!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
