Стоилов: Доколку Врховниот судски совет не го смени бугарскиот главен обвинител, тоа треба да го направи новиот парламент
Привремениот бугарски министер за правда, Јанаки Стоилов, во коментар на бТВ изрази надеж дека членовите на Врховниот судски совет ќе покажат независност и ќе го сменат главниот обвинител Иван Гешев, но доколку Врховниот судски совет не го ослободи од функцијата пред предвидениот рок, новоизбраниот парламент на Бугарија ќе мора да го реши ова прашање.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, тоа може да го стори парламентарниот комитет за правни прашања или привремена, специјално назначена комисија, која со овластувањата на парламентот ќе ја истражува примената на законот од страна на Обвинителството и на борбата против криминалот.
Влијателниот правник и привремен министер се сврте и кон новите пратеници, барајќи од нив и тие да се занимаваат со ова прашање. Самиот парламент, според Стоилов, треба да му ги постави прашањата на Гешев, тој во разумен рок да изготви извештај и со него да се појави пред Народното Собрание.
И тука многу е важно да се сфати кој по кои стандарди се раководи, бидејќи покрај професионалните, од Главниот обвинител на Бугарија се бара да покаже и високи морални квалитети, коментира Стоилов.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска