-->
-->
Стоилов: Освен тоа што се домаќини друго ништо не ме плаши!
-->

Искусниот пивот во македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов вели дека во играта на Македонија недостигаат ситници кои, ако се поправат, ќе ни донесат победа и против Австрија.
- Ако победиме со два гола мислам дека носиме бодови што е многу важно. Натпревар кај што ќе видиме кои сме и што сме. Треба да поправиме некои грешки од натпреварот со Чешка кој според мене воопшто не беше лош, добро беше. Но, тие ситници ја прават разликата дали ќе победиш или не на крај. Така да се надевам дека ќе ги поправиме и дека ќе се израдуваме прво сами себе и цела нација, изјави Стојанче Стоилов.
Според него Австрија не е ништо посебно и нејзиниот најголем адут, покрај Никола Билик и Јанко Божовиќ е - домашниот терен.
- Освен тоа што се домаќини друго ништо не ме плаши. Шутери се, играат со тие двајца играчи, добри крила имаат. Е сега, може да не им влезат шутевите и да биде полесно за нас. Знаеме против кого играме, се надевам дека ќе ги анулираме нивните предности, вели Стоилов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред