Стојановски: Автобусите на ЈСП во понеделник нема да сообраќаат

Поради неисплатената плата за декември, автобусите на ЈСП од понеделник нема да сообраќаат, и покрај тоа што е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, велат од Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие. За можноста во понеделник изутрина да биде пуштен по еден автобус на сите линии, за превоз на учениците, бидејќи стартува второто полугодие од учебната година, од Синдикатот велат дека тоа ќе биде разгледано утре.
Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за МИА нагласува дека тие опстојуваат на својата одлука дека нема да има јавен превоз в понеделник кога е закажана седницата на Советот на Градот, на која како единствена точка на дневен ред, треба да се гласа за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието.

-Утрото во понеделник во 4:30 часот ниту еден автобус нема да излезе од базите на претпријатието. Ако им беше битно на 45-те советници на Град Скопје да донесат одлука за субвенциите за ЈСП, тоа можеа да го сторат и вчера и денеска. Ние бараме плата за декември и редовна исплата на платите за 2024 година, дециден е Стојановски.
Прашан доколку во понеделник се донесе одлуката за субвенции на седницата на Советот на Град Скопје, дали истиот ден ќе биде воспоставен повторно јавниот превоз, тој посочува дека и доколку се донесе таа одлука, нејасна е процедурата оти не се знае кога ќе биде исплатена плата. Тој потсетува дека одлуката за субенциите на ЈСП досега три пати била на седница на Советот, и три пати била ескивирана.
-Доколку одлуката се донесе во понеделник во разумно време, за парите да можат да легнат на сметката на претпријатието, во вторник ќе има јавен превоз. Во спротивно, автобусите на ЈСП нема да возат ниту во вторник, вели првиот синдикалец во ЈСП.
Ново на Сител
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
