Столтенберг: Членството на Северна Македонија во НАТО е добро за целиот регион
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави учеството на македонската делегација на денешниот Самит на Алијансата во Лондон и порача дека членството на земјата е позитивен чекор за целиот регион.
– Топло ја поздравивме Северна Македонија денеска, изјави Столтенберг на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот.
Тој додаде дека членството на земјата е знак оти вратите на Алијансата остануваат отворени и за други земји во иднина.
– Членството на Северна Македонија не е добро е само за Северна Македонија, туку за регионот, тоа ќе покаже дека НАТО ја остварува политиката на отворени врати, рече генералниот секретар на Алијансата.
Северна Македонија денеска за прв учествуваше како де факто членка на еден Самит на НАТО. Формално останува пристапниот Протокол да биде ратификуван од страна на Шпанија и потоа во Парламентот во Скопје.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол