Столтенберг на средба со Иванов

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја почна денешната серија разговори со македонскиот државен врв.
Првиот човек на Алијансата покрај со Иванов, треба да има средби и со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи официјални претставници. Столтенберг во Собранието ќе има средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
По средбата на премиерот Заев и Столтенберг најавена е прес-конференција.
Покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.
Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска.
Во пресрет на референдумот, во Скопје денеска е и министерот за надворешни работи на Лукембург Жан Аселборн, а до крајот на недела доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
