Стоп за дивите трки по најголемите сообраќајници, полицијата ловеше мотоциклисти низ Скопје
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје синоќа повторно извршило контрола во главниот град при што се утврдени 23 прекршоци.
Како што соопшти МВР, сообраќајните контроли биле спроведени меѓу 19 и 1 часот, а меѓу прекршоците биле управување мотоцикл со брзина поголема од дозволената и поминување на црвено светло.
Едно лице кое управувало мотоцикл без возачка дозвола е приведено во Полициска станица Кисела Вода, осомничено за сторен царински прекршок.
МВР информира дека контролите на подрачјето на Скопје се со цел спречување на организирањето и учеството во диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, „Христијан Тодоровски Карпош", „Цветан Димов", „Митрополит Теодосиј Гологанов" и булеварите „Јане Сандански", '„Партизански одреди" и „Србија".
Во акцијата претходната ноќ (8/9 мај) беа регистрирани 15 прекршоци. Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека ќе ги продолжи сообраќајните контроли.
Ново на Сител
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад