Стопанската комора ќе утврдува мерки за надминување на енергетската криза
Предлог мерки и решенија за надминување на енергетската криза, денеска треба да бидат утврдени на седница на Управниот одбор на Стопанската комора.
- Стопанската комора, по спроведената анкета за загубите кои ги претрпеа компаниите членки во енергетската криза во 2022 година, ги презентираше резултатите пред двете највисоки тела на Комората. Како што беше дефинирано, конкретните предлог мерки и решенија за надминување на енергетската криза, ќе бидат утврдени на специјалната седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, со која заседава претседателот на Комората, Бранко Азески и на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), која е раководена од проф. д-р Кочо Анѓушев, се вели во соопштението на Комората.
Седницата ќе се одржи во просториите на Стопанската комора со почеток во 11 часот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
