Стопанската комора на Македонија одбележува 98 години постоење

Целата енергија како држава да ја насочиме кон градење нова визија и дефинирање на идните развојни приоритети, базирани на поконкурентна економија и силни извозни капацитети, нови извозни компании и извозни производи што ќе бидат конкурентни на светските пазари. Ова е пораката што ќе ја испрати денеска Стопанската комора на Македонија, која одбележува 98 години постоење.
По повод годишнината, Комората во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (OEЦД) организира панел-дискусија на тема „Западен Балкан на глобалните пазари: Нови можности за трговска размена и инвестиции“. На панел-дискусијата ќе се обрати претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, а најавени се и премиерот Оливер Спасовски, како и вицепремиерката за економски прашања Mила Царовска.
На одбележувањето 98 години постоење на кое ќе присуствуваат владини функционери и еминентни претставници на бизнис-заедницата, меѓународните организации и научната јавност, Комората ќе им додели и награди на компаниите членки што биле најуспешни во 2019 година.
Главното мото на Комората годинава е „Со членството моќни, во визијата истрајни”.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
