Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини
Убавите снежни предели на Осоговскиот планински масив во Кривопаланечкиот реон, со врвовите Калин Камен и Царев Врв беа причина стотина планинари од Скопје, Куманово, Кавадарци и Крива Паланка денес да се искачат на планината и да уживаат во зимската идила.
Акцијата ја организираа иницијаторите од здружението „l love hiking Macedonia“, а се придружија планинарско-спортски клубови и друштва од Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, под водство на лиценцирани планинарски водичи, согласно сите протоколи за организација согласно мерките за заштита од Ковид-19.
-Денес стотина учесници, членови на друштвата се искачија на Царев Врв на надморска височина од 2085 метри. Патеката е средно-тешка, се искачувавме во зимски услови, беше заснежено, но имаше силен ветар, кој го отежнуваше движењето, особено на оние што се почетници. Инаку, бевме шеесетина члена од „I love hiking Macedonia“ и останатите од другите друштва, рече Стефан Перовски , водич во „ I love hiking Macedonia“.
Истакна дека овој дел од Осоговските Планини е прекрасен, изобилува со убави пејзажи и е привлечен и за туристи и планинари во текот на целата година.
Според него, интерес за планинарење има кај се по голем број млади, а најчесто соодносот на мажи и жени во акциите е 60 наспрема 40 во корист на дамите, за кои вели, се можеби по големи авантуристи.
Следната акција за искачување во организација на „I love hiking Macedonia“ е планирана претстојниот викенд, на врвот Кобилица, Шар Планина, која е тешка планинарска рута.
Ново на Сител
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
-
Приведени рибокрадци во Охрид
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад