Странските медиуми за првиот круг од претседателските избори
„Кандидатите на владејачката СДСМ и на националистичката ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат на вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија на 5 мај, откако двајцата кандидати не успеа да соберат доволно гласови за да прогласат победа во првиот круг“, објави германската новинска агенција ДПА.
ДПА наведува дека и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова синоќа прогласија победа откако Пендаровски освои 42,70, а Силјановска Давкова 42,58 проценти од преброените 97,25 проценти од гласовите.
Блерим Река, поддржан од две партии на етничките Албанци освои 10,36 отсто од гласовите.
АФП објави дека на „првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија забележана е исклучително ниска изборна активност“, како и дека двајцата кандидати прогласија победа во првиот круг.
Агенцијата ги цитира и изјавите на Пендаровски, кој наведе дека „денеска постигнавме огромна победа“, како и на Силјановска Давкова, која посочи дека „ние ги убедивме гласачите дека без правда нема НАТО и ЕУ“.
И агенцијата БЕТА ја пренесува изјавата на премиерот Заев, кој истакна дека „според неофицијалните резултати Пендаровски освои 4.300 гласови повеќе од Силјановска Давкова“.
ХИНА објави дека „ на претседателските избори во Северна Македонија имаше слаб одѕив, вториот круг ќе биде неизвесен“.
Ал Џезира наведува дека на првиот круг од претседателските избори гласале 753.267 граѓани (41,78 отсто) и дека во втор круг одат Пендаровски и Силјановска Давкова.
БТА наведува дека двајцата кандидати прогласија победа во првиот круг од претседателските избори во Република Северна Македонија.
Бугарскиот портал БГНЕС ги објави резултатите на Државната изборна комисија (ДИК), според кои, кандидатот на СДСМ, Пендаровски, и кандидатката на ВМРО- ДПМНЕ, Силјановска Давкова, ќе се натпреваруваат во вториот круг од изборите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024