Македонија
26. January 2019 - 11:17

Страотна сообраќајќа кај Непроштено, тетовец со возило излетал од патот, тешко повредени двајца сопатници

Вчера утро во 06,30 часот на регионалниот пат Тетово - село Јажинце, после мостот во село Непроштено Ш.И.(49) од село Слатино управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот.

Во незгодата со повреди се здобиле двајца сопатници од село Слатино, сопатникот Р.И.(46) се здобил со тешки телесни повреди, a М.И.(73) со телесни повреди.

На повредените им е укажана лекарска помош во Клиника болница Тетово.

Извршен е увид на местото на настанот.