Македонија
10. March 2017 - 13:29

Страотна сообраќајна несреќа во Кичево - Младо момче во кома

Страотна сообраќајна несреќа во Кичево, младо момче во неконтактибилна состојба е пренесено на Ургентен во Скопје откако вчера во 23 часот во оградено спортско игралиште од О.У. „Кузман Јосифовски Питу“, 21-годишниот Д.Н. управувајќи со моторцикл марка „КТМ“, удрил во металната ограда и паднал.
 
Полицијата информира дека младото момче се здобило со тешки телесни повреди во пределот на главата кои му биле константирани во Медицински центар Кичево.
 
Поради сериозноста на повредите и во неконтактибилна состојба е префрлен во Ургентен центар Скопје.