Македонија
20. јуни 2018 - 10:45

Страшна сообраќајка кај Градско: Се судрија камион и автомобил

Камион и автомобил се судрија претпладнево на патот Прилеп - Скопје после Градско. 
 
Увид на местото на несреќата врши сообраќајната полицијата. Заега нема информации за повредени и за причините за сообраќајката.
 
Сообраќајот на патниот правец се одвива со потешкотии, но без прекин.