-->
-->
Страшна сообраќајна несреќа во Велес
-->
Околу 06 часот и 20 минути на регионалниот пат Велес-село Мамутчево, во близина на градската депонија Велес, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарки ознаки, управувано од 18-годишниот Р.К. од Велес и возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Б.М. од Велес. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.К. Б.М. и сопатничките во нивните возила, М.П. (59) и Н.П. (41), двете од Велес. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Велес, од каде поради сериозноста на повредите Р.К. и Н.П. се пренесени во Ургентниот центар Скопје, додека Б.М. и М.П. се задржани за понатамошно лекување во болницата во Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9