Страв од судот ја спречува Германија да ги враќа бегалците во Грција

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер предлага неговата земја да ги враќа мигрантите во Грција, каде веќе има 50.000 бегалци кои чекаат да бидат префрлени во други членки на ЕУ.
Во изјава за весникот „Велт ам зонтаг“ Мазиер вели дека Европа направила многу за да се подобри состојбата во Грција.
„Овие напори мораат да доведат до разврска во која ќе се овозможи бегалците да бидат испратени во Грција, согласно договорот од Даблин“.
Според европската регулатива, усвоена во Даблин, барањата за азил треба да ги процесира првата земја членка на ЕУ каде што влегле бегалците. Германија ова правило го суспендира во 2011 година поради големиот број бегалци кои пристигнаа во Грција, како и поради малиот капацитет за процесирање на апликациите на владата во Атина.
Според германскиот министер, враќањето на бегалците во Грција зависи од заедничкиот договор со другите членки на ЕУ затоа што Германија не може сама да ја спроведува оваа политика.
Де Мазиер вели дека една од причините зошто Германија сеуште не почнала да ги враќа бегалците е и опасноста германскиот административен суд за кратко време да ги блокира депортациите.
Коментарите на Де Мазиер доаѓаат на денот кога во родната покраина на канцеларката Меркел, Мекленбург - Форпомен се одржуваат покраински избори на кои партијата на канцеларката и министерот, ЦДУ, има ист рејтинг со антиемигрантската и антиисламска партија АФД.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
-

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
