Струмица ја одбележа 61. годишнина од раѓањето на претседателот Трајковски

Струмица ја одбележа 61-та годишнина од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Макеоднија Борис Трајковски. Пред споменикот „Македонија“ подигнат во негова чест, реч за неговиот лик и дело имаше в.д. градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Тој посочи дека Борис Трајковски е синоним за родољубец, богољубец и човекољубец.
- За жал реалноста е поинаква. Борис Трајковски не е дел од нашето битисување. Но, несомнено дека во тоа битисување тој изгради неизбришливи траги. Во негово име изградивме скромен мост зошто тој ја имаше надареноста и човечноста да гради мостови на пријателството. Во негова чест го подигнавме и овој споменик „Македонија“ за да се знае дека Борис Трајковски и Македонија се две нешта кои функционираа во своевидна љубов и симбиоза, рече Костадинов.
Додаде, дека таквите симболики не со доволни, доколку секој струмичанец и Македонец не направи паметник во срцето за ликот и делото на Борис Трајковски кој ќе го пренесува од поколение на поколение.
Пред споменикот, свежо цвеќе положија делегации на општина Струмица, на политичките партии, граѓанските здруженија и граѓани.
Во чест на Трајковски, првонаградените ги прочитаа литературните творби по распишаниот конкурс на тема „И по 13 години спомените за Претседателот Борис Трајковски се уште живеат“ во организација на градската библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
